Бездомник најде диамантски прстен. Тој го врати на сопственичката, а нема да верувате што доби за возврат

News

Додека просел за пари, бездомникот Били Реј Харис пронашол дијамантски веренички прстен меѓу своите монети. Заложна куќа му понудила 4.000 долари. Кога сфатил колку е скап, веднаш одбил да му го даде, бидејќи сфатил дека некој изгубил нешто навистина вредно. Надевајќи се дека прстенот еден ден ќе им биде вратен на сопствениците, решил да го однесе во црквата на чување.

Два дена подоцна, сопственичката на прстенот, Сара Дарлинг, се појавила и го прашала дали го видел нејзиниот прстен. Се испоставило дека случајно го испуштила прстенот заедно со монетите кога ги оставила кај бездомникот.

Били веднаш ѝ рекол дека го има прстенот и отишол со неа во црквата и ѝ го вратил. Во знак на благодарност, Сара Дарлинг отворила добротворен фонд за Били да ги собере 4.000 долари што тој претходно ги одбил за заложната куќа.

Сепак, таа собрала не 4.000 долари, туку 183.000 долари од нејзините роднини, познаници и луѓе со добра волја, што драстично го променило животот на бездомникот. Били Реј Харис купи стан, најде работа и го врати семејството што го изгуби претходно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *