Битолската легенда Митко Стојковски е нов претседател на Пелистер!

news
Advertisement

Македонската легенда Митко Стојковски, членот на првата генерација на македонската репрезентација од денеска е нов претседател на битолската гордост и негов матичен клуб Пелистер, после вонредното Собрание на клубот.

Advertisement

Пелистер кој моментно е второлигаш и се бори за експресен кам-бек во Првата лига, го назначи Стојковски за прв човек на клубот, кој го наследува досегашниот претседател Пеце Стојчевски и промената е очејувана откако градот Битола го презема клубот за да го консолидира и да го застане на здрави нозе летоска после катастрофалната ланска сезона.

Стојковски играше за Пелистер од 1989 до 1991 година откако ја мина целата младинска школа на битолскиот клуб, а потоа беше дел од белградска Црвена Звезда до 1995 година, па играше за шпански Овиедо од 1995 до 1997 и за германски Штутгарт од 1998 до 2000 година. Кариерата ја заврши во 2001 година каде и што ја почна – во Пелистер. За Македонија настапи на 28 меча и даде пет гола од 1994 до 2002 година, а е стрелец на првиот официјален гол во едни квалификации.

Во Бордот на Пелистер член е уште една голема македонска легенда, Тони Мицевски, како и Пеце Цветковски и Златко Деловски, а истиот е пополнет и со тројца стопанственици – Трајан Вртковски, Павле Лазаровски и Сотир Николовски, како и два претставника од Општина Битола, Блага Талевска (економист) и Стефанија Боцевска (правник).

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.