Бранко Геровски: Ќе и каже ли некој на оваа певаљкава што пеела за 700 денари дека текстот на песната е скратен и тоа нема врска со “аранжманот”…?

news
Advertisement

Големи реакции имаше вчера во јавноста, изведбата на песната „Во борба, во борба” отпеана од страна на МОБ за време на отворањето на прославата за Илинден во Крушево, а од која беше изоставен стихот во кој се спомнува Гоце Делчев.

Advertisement

На социјалните мрежи, со објаснување излезе поп пејачката Елена Петреска од Прилеп, која е дел од хорот на МОБ,

Аранжманот на песната бил направен пред повеќе од десет години, и никој со сила не можел да ги натера хористите да менуваат текст или да пеат поради нечиј интерес.

-Не е исфрлена, зошто паѓате веднаш на провокации, аранжманот кој го пеевме е стар сигурно повеќе од една деценија. Не е направен специјално за оваа пригода, а и не може никој да не натера со сила да пееме или менуваме нешто заради нечии интереси. Тоа го тврдам!

Се плука по нашата работа, а таму пеевме за дневница од 700 денари, при што цел ден се печевме на сонце.

Не е фер да се измислуваат приказни за нечиј труд! Тријат раце порталите од читаност за вакви приказни на кои само подводливи луѓе веруваат – реагира Петреска на објава од нејзиниот колега Владимир Блажев од дуото ДНК.

Тој реагираше дека химната и песните напишани од маката на народот никогаш никој нема да може да ги смени, а оние кои ја исфрлија строфата на настанот во Крушево, ги нарече предавници од кои ќе се срамат нивните поколенија.

На ова Панчо ѝ одговорил: Драга Елена верувам дека сте имале проба и дека сте го увиделе истото, сигурно не сте пееле веднаш.

Не ве обвинувам вас ниту некогаш би ве обвинил, туку оние кои ви “наредиле” да се пее баш тој аранжман на овој голем, односно најголем државен празник.

Во вакво време на невреме и безброј понижувања кои доаѓаат од сите страни кон нашата држава, а највеќе од сопствените безкичмењачи и предавници можеби и сте требале да бојкотирате, поготово за сумата која сте ја добиле која воедно ве деградира како уметници.

Многу лесно е да ве наместат, внимавајте во иднина ….. Поздрав и убав ден“, стои во коментарот на Панчо.

Со свој коментар, се јави и познатиот новинар Бранко Героски. Тој на својот профил на социјалните мрежи, напиша:

„…За дневница од 700 денари… Какво е ова смешно објаснување? Пееле друг аранжман?!

Ова е голем скандал и организаторот мора да понесе одговорност.

Но, одговорни се и уметниците. Вистинските македонски уметници не изведуваат цензурирани дела.

Вистински македонски уметници си го знаат текстот на песната “Во борба, македонски народе”. Како што си го знаат и текстот на нашата химна.

Не им се потребни “аранжмани” за да ги испеат нашите македонски песни громко и од срце. Голем, голем срам за хорот на МОБ!“

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.