Велковски изненадува: Имаме 18 илјади празни работни места а 32 илјади семејства на социјална помош

News

Во државата има сериозен јаз меѓу понудата и побарувачката на работна сила – околу 18.000 испразнети работни места, додека 32.000 семејства примаат гарантирана минимална помош, изјави заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, во интервју за Радио Слободна Европа.

Според него, потенцијал за вработување постои, но неопходно е целосно репрограмирање на системот, бидејќи проблемот не може да го решава само едно министерство.

– Имаме семејства со повеќе полнолетни и работоспособни членови кои се корисници на социјална помош. Потенцијал има, но потребен е заеднички ангажман на целата држава и на повеќе институции за да се пополнат испразнетите работни места – вели Велковски.

Во врска со доцнењето на исплатите на социјалната помош, тој објасни дека законот предвидува исплата во тековниот месец, но не и точен датум, додавајќи дека исплатите во декември биле реализирани на 11-ти и дека не е прекршена законска норма.

Велковски гарантира дека во 2026 година исплатите ќе се вршат редовно, согласно усвоениот Буџет.

Говорејќи за дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, тој нагласи дека проблемот трае со години и може да се ублажи со поголема вработеност. Како дополнителни фактори ги посочи стареењето на населението и сивата економија.

Од вкупно 40 милиони евра годишно за активни мерки за вработување, околу 60 отсто се наменети за млади, со цел тие да се задржат во земјава, да се вработат или да отворат сопствен бизнис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *