




Одмаздата на младоженецот од Кина кој среде венчавка објавил интимно видео од идната сопруга со друг маж повторно го тресе интернетот.
Работата да биде уште полоша, го изневерувала идниот сопруг со својот зет додека нејзината сестра била бремена.
Овој клип од 2019. година повторно е актуелен на социјалните мрежи и предизвика исто толку бурни реакции како и пред три години кога за прв пат се појави на Интернет. На видеото се гледаат младоженецот и невестата како пристигнуваат на сцената каде што треба да се одржи свадбената церемонија.
По поздравниот говор, младоженецот ги поканил гостите да го погледнат видеото на големото платно кое им било поставено над главите. Следувало шокантно видео за кое и денес се зборува.
„Мислеше дека не знам за ова?“, иронично ја прашал младоженецот невестата, која налутено го удрила со бидермаерот.
Социјалните мрежи беа преполни со коментари. Повеќето го поддржуваат младоженецот и веруваат дека невестата целосно заслужила да ја казни на таков суров начин и да ја понижи пред сите.