ВИДЕО | Николоски: Чествувањето на Мечкин Камен го напуштаме поради партиско и политичко дејствување на СДСМ

news
Advertisement

Делегацијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го напушти чествувањето за Илинден на Мечкин Камен без да го проследи обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски.

Advertisement

Како што изјави потпретседателот на партијата Александар Николоски, ова е поради партиското и политичкото дејствување на владејачката СДСМ.

„Ние сме тука, но за жал СДСМ не успеа да се надмине себеси, донесоа тука исклучиво партиски активисти. Ги носат со автобуси и на сите кои што не се членови на СДСМ, вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ, им е забрането да пристапат тука, за што бевме информирани пред почетокот на оваа манифестација. Всушност, и на одредени луѓе коишто беа дел од оваа наша делегација им е забрането да пристапат тука. Не знам од што се плашат, но, веројатно, се плашат од народот. Дури и со партиски активисти не успеаја да го наполнат Мечкин Камен, затоа што Мечкин Камен може да се наполни само и исклучиво со македонски народ кој доаѓа со чесна мисла, а не под политичка наредба“, изјави Николоски.

Тој истакна дека се рушат идеалите на сите тие кои ги дале своите животи за независна и обединета Македонија

„Се рушат идеалите на генерации коишто сонуваа за македонска држава, со македонски јазик како официјален јазик на истата, со македонска култура, со македонска традиција и историја, со македонски корени кои што датираат векови и векови наназад. Но, оттука, од Крушево сакам да порачам дека Македонија и македонскиот народ се многу посилни. И никакви договори, никакви попуштања нема на ниеден начин да ја променат самобитноста на македонската национална борба. Илинденското востание е македонско, и тоа е јасно и го знаат сите, го знае цел свет. Било, е и ќе остане македонско!“, додаде Николоски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.