Скопје и повеќе градови во Македонија повторно се меѓу најзагадените, а граѓаните велат дека секоја зима ја слушаат истата реченица: „не може преку ноќ“ — додека тие секојдневно дишат воздух што директно го удира по здравјето.
Револтот расте затоа што, според граѓаните, наместо конкретни и трајни решенија, постојано се вртат исти мерки и исто оправдување.
Од Министерството за животна средина информираат дека, според државниот систем за мониторинг и прогнозата од УХМР, прагот за алармирање за ПМ10 (над 150 μg/m³ два последователни дена) е надминат на повеќе мерни места во Скопје: Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат.
Меѓу препораките се:
-
засилени вонредни инспекциски надзори на инсталации со еколошки дозволи (А и Б) и елаборати
-
забрана за горење на отворено
Додека институциите издаваат препораки, а градските служби се обидуваат да стабилизираат дел од мерките (како јавниот превоз), многумина коментираат дека „спасот“ повторно ќе дојде само ако заврне или дува ветар.