По Кичево и Струмица, од денес итните мерки против аерозагадувањето стапуваат на сила и во Скопје. Мерните станици покажаа надминување на дозволените вредности во повеќе скопски општини, а маглата дополнително ја влошува состојбата. Загадување е регистрирано и во други градови низ Македонија.
Министерството за животна средина ги активираше протоколите за заштита на здравјето, со посебен фокус на ранливите категории.
Ослободување од работа – кои категории?
Работодавците се задолжени да ги ослободат од работни обврски:
-
бремени жени
-
лица постари од 60 години
-
лица со хронична астма и лица што прележале миокарден инфаркт или мозочен удар (без разлика на возраста)
Апел од пулмолозите
Лекарите советуваат граѓаните да не излегуваат надвор ако нема итна потреба, особено рано наутро и доцна навечер, кога концентрациите се највисоки. Ако мора да се излегува, препорачуваат користење јавен превоз.