Дел од Тетово попладнево остана без електрична енергија поради сериозен дефект на 110 kV трафостаницата „Тетово 1“, информираат од Електродистрибуција.
Прекинот во снабдувањето започнал околу 16 часот, по што веднаш биле ангажирани технички екипи кои се на терен и работат на лоцирање и санација на дефектот. Од компанијата посочуваат дека станува збор за поголем технички проблем, поради што дел од корисниците се без струја.
Од ЕВН апелираат за трпение кај граѓаните и уверуваат дека се преземаат сите неопходни мерки за нормализирање на електроснабдувањето во најкус можен рок.
Повеќе информации за времетраењето на прекинот и целосното враќање на струјата се очекуваат откако дефектот ќе биде целосно отстранет.