41-годишен македонски државјанин, баран со меѓународна потерница од 2023 година, е уапсен во Тирана по долготрајна меѓународна истрага. Тој е приведен од албанските власти и моментално се наоѓа во притвор, додека се чека негова екстрадиција во Австрија.
Според Јавното обвинителство во Инсбрук, осомничениот има обемно криминално досие и се товари за тешка изнуда, нанесување телесни повреди, трговија со дрога и сериозни закани.
Неговата локација била откриена по повеќемесечна работа на криминалистичките служби во Тирол, а апсењето било реализирано во координирана акција меѓу австриската и албанската полиција, при што била запленета и дрога.