„Грција и Бугарија ги кренаа рампите, сега останува уште ВМРО-ДПМНЕ“, вели Иванов

news

Новинарот и аналитичар Зоран Иванов денеска во летното издание на „Click21“ на ТВ21, зборувајќи за уставните измени, посочи соседните држави – Грција и Бугарија ги кренале рампите за членство на Македонија во Европската Унија и НАТО, а сега останува уште ВМРО-ДПМНЕ да ја крене рампата.

Advertisement

„На патот на интеграциите 10 години бевме блокирани од Грција, 5 години сега бевме блокирани од Бугарија. Грција ја крена рампата, Бугарија ја крена, сега останува ВМРО-ДПМНЕ да ја крене рампата. Ако македонската јавност тоа го дозволи, ако мисли дека таман извојувавме со надворешните субјекти, сега внатре имаме внатрешна рампа ние не сме за никаде, не сме за интеграции“, вели Иванов.

Во продолжение целата изјава:

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.