ДОЈДИ НА БЛОКАДА: Скопје се подготвува за голема граѓанска акција, еве за што станува збор!?

News

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави нова блокада во Скопје како реакција на, како што велат, долгогодишното загадување и немањето институционален одговор. Протестот ќе се одржи во среда, на 21 јануари, со почеток во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“, во правец кон Усје.

ДОЈДИ НА БЛОКАДА: Скопје се подготвува за голема граѓанска акција

Од иницијативата порачуваат дека воздухот не може сам да се исчисти и дека граѓанскиот притисок е единствениот начин да се натераат надлежните да преземат конкретни мерки.

Блокадата е продолжение на минатогодишните протести насочени кон работењето на Цементарница Усје, која граѓаните ја посочуваат како еден од главните загадувачи. Целта, велат, е јасна – заштита на здравјето и квалитетот на живот во главниот град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *