Advertisement
14-годишно дете од прилепското село Заполжани, кое управувало мотоцикл, загинало денеска во сообраќајна несреќа во која учествувал и автомобил „Опел Астра”, управуван од 18-годишен жител од истото село.
Advertisement
Како што соопшти МВР во полицискиот билтен, несреќата помеѓу мотоциклот „Шинерај” и автомобилот „Опел Астра”, и двете со прилепски регистарски ознаки, се случила околу 13.40 часот во селото Новоселани. Возачот на автомобилот, В.Р.(18), избегал од местото, но набргу бил пронајден и приведен.
Детето починало на местото на несреќата. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
Advertisement