Украински функционер: Украински служби стојат зад нападот на мостот на Крим

news
Advertisement

Украински функционер: Украински служби стојат зад нападот на мостот на КримОбјавено пред 21 минута – 8 октомври, 2022Од Макфакс

Advertisement

Претставник на украинската влада кој сакаше да остане анонимен изјави за „Вашингтон пост“ дека украинските специјални служби стојат зад нападот на мостот на Крим.

Украинскиот информативен портал „Правда“ прв ја објави наводната улога на украинската влада во експлозијата и цитираше неидентификуван функционер кој вели дека украинската разузнавачка служба СБУ била вмешана во експлозијата на мостот.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) објави дека не ги коментира информациите во медиумите за вмешаност во експлозијата на мостот на Крим, изјави портпаролот на СБУ, Артем Дехтаренко во коментар за украинската новинска агенција УНИАН.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.