За 30 дена продолжен куќниот притвор на лицето кое ја нападна екипата на ТВ 24

news
Advertisement

Основното јавно обвинителство Скопје претходно денеска информира оти против 67-годишниот напаѓач на телевизиската екипа е поднесено обвинение за сторено кривично дело – насилство. Воедно, оттаму информираа оти до Кривичниот суд е доставен предлог за продолжување на мерката куќен притвор
По предлогот на скопското Јавно обвинителство, Кривичниот суд во Скопје донесе одлука да ја продолжи мерката куќен притвор за 30 дена на лицето кое неодамна ја нападна телевизиската екипа на Телевизија 24 за време на снимање на инсерти за видео-прилог за потребите на телевизијата.

Advertisement

„Воедно ја известуваме јавноста дека по поднесениот обвинителен предлог против осомничениот за наведениот настан, формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 2489/22 кој согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување, а откако ќе биде насрочена главната расправа, странките и јавноста ќе бидат известени“,

информираат од Основниот кривичен суд Скопје.
Основното јавно обвинителство Скопје претходно денеска информира оти против 67-годишниот напаѓач на телевизиската екипа е поднесено обвинение за сторено кривично дело – насилство. Воедно, оттаму информираа оти до Кривичниот суд е доставен предлог за продолжување на мерката куќен притвор.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.