Луѓето го напуштаат Крим во колони

news
Advertisement

Долгите колони автомобили на Крим со руски цивили се снимени откако во вторникот големи експлозии ја погодија руската воена воздухопловна база Саки во западниот дел на Крим

Advertisement

Како што пишува британски Телеграф, цивилите го напуштаат Крим стравувајќи за својата безбедност.

Крим, кој беше припоен од Русија во 2014 година, е популарна туристичка дестинација за Русите, особено во лето, а украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека војната во таа земја „започна со Крим и мора да заврши со неговото ослободување“.

Оваа руска војна започна со Крим и мора да заврши со Крим, неговото ослободување“, рече Зеленски по серијата експлозии што ја потресоа руската воздухопловна база на Крим, пренесува Танјуг.

Неколку експлозии во вторникот ја погодија околината на населбата Новофјодоровка на Крим, а Министерството за одбрана на Русија соопшти дека авионска муниција експлодирала на територијата на аеродромот Саки.

Бројот на повредени во експлозиите на аеродромот се искачи на 13, а едно лице загина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА./kumanovskimuabeti.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *