МВР со ново известување за „Безбеден град“

News

МВР ги известува граѓаните дека од утре (17.12.2025) ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците доставени при регистрација на возилата, доколку има промена или ако добиле известување со неточни податоци.

Барањата ќе се примаат на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот. Истата услуга ќе биде достапна и во станиците за технички преглед низ државата каде што има деташиран референт на МВР.

Дополнително, граѓаните можат да испратат писмена забелешка, прашања или пријави за проблеми поврзани со системот „Безбеден град“ на е-пошта [email protected], при што забелешките ќе бидат евидентирани и разгледани според утврдените процедури.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *