Премиерот Христијан Мицкоски одговори на реакцијата на грчкото Министерство за надворешни работи за употребата на името, велејќи дека нема да прифати „цензура“ кога станува збор за неговите чувства и правото на слободен говор.
„Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани. За мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што мислам“, изјави Мицкоски.
Реакцијата од Атина дојде по неговите изјави дека го „вратил името“ и дека и опозицискиот лидер Венко Филипче почнал да ја нарекува државата „Македонија“.
Грчкото МНР порача дека уставното име е јасно дефинирано во Преспанскиот договор и дека „секој обид за фалсификување или менување“ на содржината на договорот нема да биде прифатен од грчката страна, нагласувајќи дека договорот е дел од меѓународното право.