Двајца тинејџери загинаа, додека животот на едно лице е во опасност по тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во близина на никшиќшката Жељезара.
Како што објави порталот RTNK, Ј.М. (17) и М.Т. (18) загинаа, а тешко повредениот Ј.Б. (23) е пренесен во Клиничкиот центар.
„Тројца од повредените беа третирани на лице место и префрлени во Општата болница во Никшиќ. Двајца им подлегнаа на повредите во болница, додека третото лице е тешко повредено и неговиот живот е во опасност“, изјавија за порталот RTNK од Службата за итни случаи.
Несреќата се случила околу 22:15 часот, а според првичните информации, во несреќата учествувале две возила.

На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на Итна медицинска помош, полиција и служби за заштита и спасување, додека пожарникари и спасувачи учествувале во евакуацијата на повредените.