Двајца браќа од тетовско станаа жртви на лукава измама откако му поверуваа на човек кој им ветил брзо средување на пензии од странство.
Како почнала измамата?
Седумдесетгодишен жител на тетовско село пријавил во полиција дека тетовецот со иницијали Л.Н. ги довел во заблуда во текот на 2024 година. Тој ги убедил браќата дека имаат доволно работен стаж за да добиваат странска пензија, но за тоа му биле потребни „депозити“.
Бланко потписи и изгубени пари
Навивните браќа не само што му дале огромна сума пари, туку потпишале и бланко документи и уплатници. Кога поминало времето, а од пензијата немало ни трага ни глас, сфатиле дека се изиграни за дури 15.000 евра
Полицијата веќе работи на случајот и презема мерки за целосно расчистување на оваа тешка измама.