„ПОЗНАТИОТ“ АДВОКАТ ШИРАЧ НА ЛАЖНИ ВЕСТИ
Фејсбук статус на Петрит Сарачини
Еден „познат“ адвокат на неговиот профил шири лажна вест од српски портал дека убиецот на Вања е уапсен во Хрватска. Се работи за старо апсење на еден од осомничените, кое српскиот портал го „препакува“ за ловење кликови и ќар од трагедијата. А „познатиов“ адвокат си го шири на свој профил, со извичници со чуда, си нема гајле.
Утре-задутре, „познатиов“ адвокат ќе го видите пак како виси како редовен гостин по емисии и дебати на национални телевизии, дава јаки и стручни изјави за портали, абе експерт невиѓен, ем радо виѓен гост во „истакнати“ новинарски кругови, дури и на новинари обуки да им држи го викаат.
Толку за „познатиот“ адвокат, и за новинарството што од него прави „голем“ експерт.