Ниту една мајка нема лесна улога, без разлика дали секојдневно оди на работа или останува дома со децата. Но, секогаш се отвора дилема: кому е потешко?
Една мајка од Мелбурн, Австралија, која има денови кога оди на работа и денови кога е дома, реши да даде сопствено мислење.
Таа смета дека многу потешко е за мајките кои се домаќинки.
Морам да ви кажам нешто што работните родители не сакаат да го признаат – многу е полесно да одиш на работа отколку да останеш дома со децата, изјави таа во видео што го пренесе Mirror.
Објаснува дека кога оди на работа има моменти за себе – слуша музика или подкасти, пие кафе во мир, разговара со возрасни и користи делови од мозокот што дома со децата не ги активира.
Кога мене ќе ми недостигаат децата и едвај чекам да ги видам, и тие мене исто така, додава таа.
За мајките што остануваат дома, таа вели дека е многу потешко: немаат време за себе, од утро до вечер се посветени на потребите на децата, водат само „детски разговори“ и едвај можат да испијат кафе.
Од моментот кога ќе ги отворите очите, до моментот кога ќе ги затворите – вие сте постојано вклучени, нагласува таа.
Нејзиното видео предизвика многу реакции. Некои мајки се согласуваат со неа, други велат дека зависи од видот на работата, но сите потврдуваат – мајчинството, со или без работа, е голем предизвик.
Извор / Foto: TikTok/Screenshot/imperfectalignment
Линк до видеото на ТикТок: https://www.tiktok.com/@imperfectalignment/video/7196238847112400130
**Дознајте сè за случувањата во шоу бизнисот, бидете во тек со темите за животен стил и мода. Пријавете се во нашата Вибер група