




Ова е ставот на дел од економистите откако финансии ги презентираше идните даноци кои се во план да стартуваат од наредната година.
Според Бранимир Јовановиќ, од Виенскиот институт за меѓународни економски истражувања – најголема грешка е што се планира да се одложи воведувањето на прогресивниот данок, па така нема да се даночат богатите, туку повторно ќе се удри по посиромашните граѓани.
Јовановиќ со критики и околу најавените нови даноци, откако првиот финансиер Бесими кажа дека се планира да се плаќаат придонеси за хонорарците, граѓаните и фирмите да плаќаат данок на каматите на штедните влогови и фирмите да плаќаат данок за реинвестирана добивка.
Финансии планира од новите давачки во државната каса да се слеат дополнителни 54 милиони евра кои ќе ја намалат дупката во буџетот, а и ќе се користат за капитални инвестиции. Сепак, за сите решенија најпрво ќе следи јавна дебата, па Бесими остави можност тие да бидат променети.