Професорка од скопска гимназија проговори за јавната тајна: Повици, пораки, нарачки и музички желби за поголеми оценки

News

Вчера и официјално заврши учебната 2025/26 година за основците и средношколците. Од денеска учениците се на летен распуст, но она што, како по традиција, се провлекува е фаќањето врски за оценки со цел подобар успех кој е неопходен за уписи во посакуваниот профил во средно или на факултет. Сите знаат и сведочат дека фаќањето врски за „сите петки за наши деца“ е нормализирано во нашето општество и на некој начин, ова е една голема јавна тајна.

Професорката Татјана Алексиќ од скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“, како и секогаш, директна и со одлучна поента.

– На 10 јуни да не сте ни во кожа! Повици, пораки, нарачки и музички желби за поголеми оценки. И кога ќе ги наштелуваме, оркестарот пак свири фалш. Ни нема спас, сѐ додека тераме амбициозна уписна политика, зависна од оценките. Приемен на факултет, за да ни олесни на сите! – порача таа вчера на својто фејсбук профил.

Освен што го кажа она за кое многумина немаат храброст, им посака и среќен распуст на учениците.

– Среќен распуст на учениците, да ни се живи и здрави.

Свое слично искуство сподели и вработена во основно обраозвание.

– Иста песна различен оркестар и во основното образование. Кај нас притисоци за петки одат до уцени и закани иако во средните нема приемен освен во исклучоци, ама ете петки по секоја цена мора да се ставаат и така за туѓи поправаме, за своите не сме помолиле, а најстрашно што притисокот е најмногу од родители кои не се ни појавиле во училиште да прашаат за своето дете цела година, сподели наставничка од основно училиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *