Рама со апел до Вучиќ: Не ги хранете групите на северот на Косово со илузии и алиби

news

Косово и тензичната ситуација на северот на Косово била една од главните теми на кои се разговарало на средбата во четири очи меѓу премиерот Еди Рама и Педро Санчез, премиер на Кралството Шпанија, кој денеска престојува во Тирана во рамки на официјалната посета на Западен Балкан.

Advertisement

„Ситуација која доцна синоќа имаше сосема неразумна ескалација. Владата на Косово има право, но и должност да ги спроведува договорите со практикување на територијалниот суверенитет што произлегува од независноста во администрацијата на државата. Договорите постигнати со другата страна се договори што треба да се извршат, а не да се дискутираат“, рече Рама на заедничката прес-конфренција со Санчез.

Toj ја нарече неразумна ескалацијата на ситуацијата на северот на Косово и го повикa српскиот претседател Александар Вучиќ „да не храни одредени групи на северот на Косово со какво било алиби или оправдување”.

Ги повикувам властите во Белград и претседателот на Србија да не даваат никакво алиби или оправдување на одредени групи на северот на Косово кои од свои причини се противат на спроведување на договор кој е валиден, и за давање поголем кредибилитет на дијалогот Косово – Србија“, вели Рама.

Додаде дека го поздравува 30-дневното одложување на имплементацијата на овој договор, што било поздравено од шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и побарано од САД.

Со Санчез, рече Рама, разговарал и за независноста на Косово, но „одлуката на Шпанија да не ја признае независноста на Косово останува непроменета, тоа е поради причини поврзани со самата Шпанија“./slobodenpecat.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.