Британката Ела Робертс од Есекс сакала да се породи дома, но се плашела од можни компликации, со оглед на тоа што во 2018 година го родила своето прво дете со царски рез.
Сепак, таа одлучила да го направи тоа, а потоа донела уште една одлука која го шокира светот.
Имено, таа одлучила да снима во живо на Инстаграм за време на породувањето, за целото нејзино семејство и обожавателите да го видат тој неверојатен момент. Така Ела додека се пораѓала ја гледале преку 19.000 фанови.
-Ми се смееја од болницата кога им го кажав мојот план. Пред ова пораѓање имав уште едно во 2018 година, кое беше доста тешко и комплицирано, заврши со царски рез и едвај ги убедив да ме остават да се породам надвор од болница, но успеав – вели таа, потсетувајќи се на нејзиното раѓање на ќерката Миа.
Ела го објави видеото од нејзиното раѓање со репликата: „Породување дома после царски рез, гледајте затоа што сакам да го споделам ова со вас!“
На самото раѓањето „присуствувале“ 13.000 луѓе кои го гледале бебето Фреди како доаѓа на свет.
Ела вели дека се плашела од можни компликации, но дека мајките од Фејсбук групите ја убедиле дека треба да се породи како што сака, дома, во услови кои што ѝ одговараат.
Се породила пред 19.000 луѓе, правела пренос на Инстаграм: Во болницата ми се смееја (ФОТО)
Advertisement
Advertisement
Advertisement