Трајна лична карта за лицата над 65 години, за промена на податоци задолжително ќе се носи доказ

news
Advertisement

За продолжување на личната карта отсега граѓаните кои го смениле живеалиштето во полиција ќе мора да носат и имотен лист, а за промена на други податоци соодветен доказ, предвидуваат измените на Законот за лична карта по скратена постапка што е на дневен ред на денешната седница на Собранието. На лицата над 65 години ќе им се издава трајна лична карта.

Advertisement

Во образложението на предлогот е наведено дека при практичната примена на законот е утврдена потребата да се изменат и дополнат некои одредби со кои граѓаните ќе можат да ги остварат своите права.

– Имено, со постојната состојба голем број на граѓани го евидентираат живеалиштето од претходен стан, сè до истекот на важноста на личната карта и реално заради избегнување на одредени законски обврски, при замена на личната карта не ја пријавуваат промената на живеалиштето. Непостоењето на обврска за граѓаните да поднесуваат доказ за живеалиштето при секое поднесување на барање за издавање или замена на лична карта, создаде простор за свесно избегнување на одредени законски обврски на граѓаните. Сето ова резултираше со непрецизни евиденции за издадени лични карти, кои се водат од страна на Министерството за внатрешни работи. Со Законот за личната карта е предвидено дека барањето за издавање на лична карта граѓанинот го поднесува лично во МВР според подрачјето на кое граѓанинот има живеалиште. При практичната примена на законот се утврди потребата да им се овозможи на граѓаните барањето да го поднесат во МВР според местото на престојување. При конципирање на ова решение се имаа предвид сè, интересите на граѓаните, но се имаше за цел и заживување на престојувалиштето, како законска категорија – се вели во предлог-измените на Законот за лична карта.

Понатаму, во законот се додава и решение според кое член од семејството може да поднесе барање за издавање на лична карта за лице не може да го поднесе лично од оправдани здравствени причини и при тоа во прилог на барањето треба да достави документ со кој се докажуваат оправданите здравствени причини заради кои барателот не може да дојде лично.

– Во случај кога бездомник за првпат поднесува барање за издавање на лична карта, земањето податоци за биометриските карактеристики за бездомникот се врши во присуство на службено лице од центарот за социјални работи. За бездомник се смета граѓанин кој нема место и адреса на живеење и средства со кои би можел да ја задоволи потребата од домување. На граѓанин над 65 години живот му се издава лична карта со трајно важење – се вели во предлог-измените.

Се ревидира членот 8 од законот, при што се предвидува дека доколку граѓанинот го промени живеалиштето или податоците од личната карта во тој случај се издава нова лична карта, а притоа е потребно граѓанинот да приложи документ со кој ја докажува промената.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.