Се скрши голема гранка од стариот Чинар во Охрид

news
Advertisement

Се скрши голема гранка од стариот Чинар во населбата Кошишта, што предизвика оштетување на дрвото што се наоѓа во близина на станбена зграда.

Advertisement

Екипи на јавното комунално претпријатие „Охридски комуналец“ се на терен ја отстрануваат трулата гранка, која падна ноќеска над објект и за среќа не повреди случајни минувачи.

– Општина Охрид има управувачко право со чинарите. За таа цел пролетта ангажиравме експерт за кастрење и одржување, кој направи увид и даде насоки за неговио уредување. Гранката што падна е трула. Екипи на Охридски комуналец од утрово се на терен ја отстранија трулата гранка, информира за МИА општинската прес-служба.

Наесен, кога ќе паднат лисјата, посочија дека повторно ќе побараат стручно мислење за правилно оформување на крошната на чинарот./4news.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.