По безобразната провокација која денеска ја упати бугаринот Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“, со која на македонските граѓани им нуди по 300 евра ако го променат презимето и тоа им завршува на „ов“ или „ев“, со реакции покрај граѓаните се јавија и наши истакнати критичари.
Попладнево преку социјалната мрежа Фејсбук се огласи доктор Нико Беќаровски, кој во свој стил на провокацијата врати со провокација: „Казвај каде се парите“.
– Ако сите милион и кусур Македонци, решиме да се презиваме Македонов и Македонова, од каде ќе најде господинов 400 милиони € ???
Бате Гане, срдечен поздрав од
Нико Македонов Беќаровски,
ами сега казвај каде се парите – напиша Беќаровски на својот профил.
Избор: https://faktor.mk/kazvaj-kade-se-parite-doktor-bekjarovski-stana-makedonov-i-go-prashuva-stojanov-kade-kje-najde-400-milioni-evra