Дури 36 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на пленарната седница во Собранието не дадоа поддршка за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик.
Голем дел од нив или отсуствувале од седницата или пак воопшто не гласале. Меѓу нив се: Игор Здравковски, Љупчо Димовски, Александар Велјановски, Иванка Василевска, Грација Бакрачевска, Мирче Аџиоски, Силвана Ангеловска, Игор Јанушев, Тони јаревски, Зоранчо Јованчев, Драган Ковачки, Зоран Коцевски, Благица Ласовска, Миле Лефков, Олга Лозаноска, Рашела Мизрахи, Стојан Миланов, Антонијо Милошоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски, Александар Николоски, Ели Панова, Златко Пенков, Ангелинка Петкова, Марија Петрушевска, Бране Петрушевски, Жаклина Пешевска, Јадранка Поцкова, Љупчо Пренџов, Петар Ристески, Ѓорѓија Сајкоски, Гордана Сиљановска-Давкова, Иван Стоиљковиќ, Синиша Стојановски, Бојан Стојаноски и Велика Стојкова-Серафимовска. За Законот за македонскиот јазик не гласале ниту пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, како и пратеникот од Демократски сојуз Павле Трајанов.