Обвинителството: Гури од ДУИ вплеткан во шема со даночна измама, со 15 лица правел поврат на ДДВ преку фиктивни сметки од 840.000 евра, а со парите купил и деловен простор

news
Advertisement

По повеќемесечна предистражна постапка координирана од јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска од страна на МВР е реализирана акција и по поднесената кривична пријава, предметниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица.

Advertisement

Врз основа на спроведените предистражни дејствија постои основано сомнение дека осомничените сториле кривични дела и тоа: 11 лица сториле кривично дело Злосторничко здружување од чл.394, од нив деветмина се осомничени дека сториле и кривично дело Даночна измама од чл.279-а, додека третоосомничениот освен за овие две кривични дела, заедно со останатите четворица осомничени и осомничените правни лица се товарат дека сториле кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик. Имено, во текот на месец октомври 2020 година, во угостителски објект во Скопје, тројца од осомничените, запознавајќи се преку заеднички пријател, формирале злосторничко здружување заради вршење на кривичното дело Даночна измама. Притоа ги поделиле своите улоги, па така, првоосомничениот го користел својот должничко доверителски однос со едно правно лице, а второосомничениот бил задолжен да наоѓа фиктивни правни лица и да формира нови правни лица преку кои ќе генерираат фиктивни побарувања кон Управата за јавни приходи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.