ОД УТРЕ ЌЕ ВРНЕ, ЌЕ ИСТУРА Апокалиптичните сцени од Хрватска предупредуваат – бидете подготвени!

news
Advertisement

Апокалиптичните сцени со многу обилни врнежи и грмотевици во текот на ноќта и на денешниот ден, кои зафатија делови во Хрватска, а се очекуваат и во Србија, можеби ќе ги гледаме и кај нас, прогнозира метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Advertisement

– Следува период на многу променливо време. Овие денови нашата територија ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни маси и бранови од запад, кои ќе условуваат повремени врнежи од дожд и истите локално и повремено ќе бидат интензивни – вели Попоски за Плусинфо.

Тој додава дека локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литар на метар квадратен), а особено во недела ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

– Овие денови ќе дува и умерен, повременo и засилен до силен ветер од јужен правец, повремено и локално со брзина од над 65 километри на час – додава метеопрогнозерот.

Кога станува збор за температурите, Попоски истакнува дека наутро насекаде ќе бидат над нулата, додека максималните дневни и понатаму ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени

– Во Скопје и околината исто така овие денови ќе има повремени врнежи од дожд и истите повремено ќе бидат поинтензивни. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 18 степени – вели Попоски. Од утре влажен бран и дождови со променлив интензитет најавија и од Управата за хидрометеоролошки работи.

– Подрачјето на нашата земја за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно, наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет – најавуваат од УХМР

Оттаму додаваат дека утре ќе биде релативно топло со сончеви периоди, а в недела и понеделник врнежи ќе има на повеќе места. Локално ќе биде нестабилно со пообилен дожд од над 40 литри на квадратен метар и појава на грмежи.

– Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец, со над 60 километри на час. Од понеделник температурите ќе бидат пониски и на повисоките планини ќе има повремени врнежи од снег – информираа од УХРМ.

Апокалиптичните сцени од Хрватска предупредуваат – бидете подготвени:

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.