Билали за ТВ 24: Индикативно е што ова што се случува во Алијанса сега пред две недели беше најавено од Мицкоски

news
Advertisement

Според мене добро е што господинот Зијадин Села за сабота најави Централно собрание и нивните легитмни органи ќе ги решаваат проблемите. Што се однесува до изборниот резултат и влијанието на ова врз ДУИ мислам дека нема да има влијание судејќи според анкетите и рејтинзите на ДУИ. Ние не се потпираме на гласовите на Алијанса и според сите анкети ДУИ е неприкосновен победник, вели Арта Билали од ДУИ во емисијата 24 анализа на ТВ 24.
– Индикативно е дека ова што сега се случува во Алијанса за Албанците пред две недели го најави Христијан Мицкоски. Тоа значи дека еден дел од Алијанса е подготвен да го поддржи Мицкоски, но како тие ќе настапат кога ќе дојдат на ред уставните измени против кои ВМРО-ДПМНЕ отворено е против, а што е кочница за ЕУ. Мицкоски за ова беше добро брифиран за ова од врвот на Алијанса, вели Билали.

Advertisement

Билали вели дека би сакала да можеше да се отвори Уставот и веќе да почнеа преговорите со ЕУ оти македонските граѓани имаат право на подобар живот, а тоа ќе го овозможи ччленството во ЕУ.

– Имам чувство дека само губиме време, а не верувам дека ќе се согласат 27 земји членки на ЕУ кои ја изгласале таа преговарачка рамка сега да се менува, вели Билали.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.