Митрески: Секој ден патувам Струга-Скопје, стигнувам за 1,5 саат

news
Advertisement

Функцијата претседател на Собранието со себе носи поголеми одговорности. Таа бара поголемо внимание и ангажман, вели во интерјву за „360 степени“ на МРТ 1, Јован Митрески.

Advertisement

„Стварно сум тука долг период. Бев во комуникација секојдневна и целодневна со претседателот Џафери, меѓутоа, секако, ова е многу поголема одговорност. Бара и многу поголемо внимание, бара повеќе ангажираност. Фактички целодневната агенда ми е тука во Собранието. Секако, средби со претставници на странски амбасади, организации, интервјуа итн. Огромна документација, исто така, доаѓа кај претседателот на Собранието и бара огромен ангажман“, вели Митрески.

Безбедносните структури утврдиле дека тој треба да продолжи да живее во Струга од каде што секој ден патува на работа за Скопје, а вечерта назад за Струга.

Тоа е проценка на безбедносните структури, затоа што обезбедувањето на претседателот на Собранието бара посебен ангажман. Разговарав тоа да биде минимално можно, меѓутоа нивна одговорност е и не би сакал да наштетам, да не им го загрозам лебот што го заработуваат. Оставам на нивната проценка како треба да се одвива таа работа. Да, тешко ми е патувањето, меѓутоа останува на нивната проценка. Патувањето од Струга до Скопје е некаде еден час и 45 минути“, изјави Митрески.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.