Со секира упаднал во казино и ги зел парите од каса

News

Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка против 53-годишен битолчанец, осомничен за кривично дело разбојништво.

Според обвинителството, на 15 декември во казино на „Широк Сокак“ тој влегол со секира и со закана дека ќе нападне, побарал да му се „вратат“ парите што ги изгубил на слот-апарати. Наводно, изнервиран поради загубата, ја извадил секирата од под јакната и почнал да замавнува кон вработената.

Исплашена од неговото однесување, таа извадила пари од касата и му дала 8.600 денари, по што осомничениот го напуштил објектот.

Поради ризик од повторување на делото и можност да се даде во бегство, јавниот обвинител доставил предлог до судот за определување мерка притвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *