Скопскиот Кривичен суд му одреди осумдневен притвор на 55-годишен скопјанец кој се сомничи дека го скршил стаклото на влезната врата на Амбасадата на Бугарија во Скопје.
Мерката е изречена на предлог на Обвинителството поради опасност од бегство и ризик делото да биде повторено.
Инцидентот се случи на 11 јануари, кога осомничениот со камен го скршил стаклото и веднаш побегнал. Против него веќе е поведена кривична постапка, а судот потврди дека постојат законски основи да остане во притвор додека трае истрагата.
Инцидентот предизвика реакции и од официјална Софија.