Пронајден мртов маж пред Поликлиника Ченто
Утрово околу 06:00 часот пред Поликлиника Ченто бил пронајден починат 44-годишен маж од Скопје, информираа од СВР Скопје.
Лекарската екипа констатирала смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за утврдување на причината за смртта.