Полицијата уапси 44-годишен маж кој со товарно возило удрил и усмртил 76-годишен велосипедист, информира Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, несреќата се случила околу 12:35 часот на градска крстосница, кога товарно возило „мерцедес“, управувано од Х. М., удрило во велосипед управуван од И. М. Повредениот бил итно пренесен во Медицински центар, каде лекарите ја констатирале неговата смрт.
Возачот бил лишен од слобода околу 13 часот од страна на полициски службеници. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.