ЦРН БИЛАНС: Поплавите однесоа 37 животи – десетици сѐ уште се водат како исчезнати

News

Најмалку 37 лица загинаа, а 14 се повредени во разорните поплави што ја погодија мароканската крајбрежна зона. Според првичните информации, се трага по уште лица, а спасувачките екипи и натаму се на терен.

Силните врнежи предизвикаа нагло излевање на водите, при што поплавени се домови и дуќани, а на неколку локации водата буквално носела автомобили по улиците. Поради ризикот и големата материјална штета, училиштата денес остануваат затворени.

Мароко, по долг период на суша, во последните денови се соочува со нагли и обилни дождови и снег во планинскиот појас, што дополнително ја зголеми опасноста од нови поплави во пониските и крајбрежните делови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *