Шокантна порака меѓу Коста К. и неговата мајка прочитана во судница!

News

На судењето поврзано со масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, во завршните зборови биле презентирани пораки разменети меѓу малолетниот убиец Коста К. и неговата мајка, кои предизвикале силни реакции во судницата.

Според медиумските извештаи, во комуникацијата можело да се забележи сериозно нарушен однос меѓу мајката и синот, а една од пораките содржела и навреда упатена кон момчето.

„Је*и се, сине“ е шокантната порака меѓу Коста и неговата мајка прочитана во судница.

Судскиот процес се води против родителите на Коста, кои по трагедијата се соочија со повеќе обвиненија и граѓански постапки. Обвинителството и оштетените семејства сметаат дека токму семејната средина и пристапот до оружје имале значајна улога во настаните што ја потресоа Србија во мај 2023 година.

Во нападот што го изврши тогаш 13-годишниот ученик беа убиени девет ученици и училишниот чувар, додека повеќе лица беа ранети. Бидејќи во моментот на злосторството немал наполнети 14 години, тој не може кривично да одговара според српскиот закон и се наоѓа во специјализирана здравствена установа.

Случајот и понатаму предизвикува огромно внимание во јавноста, а семејствата на жртвите бараат целосна одговорност од сите инволвирани во трагедијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *