ШОКАНТНИ ТВРДЕЊА: Се истражува смрт на новороденче – има сомнежи за „лекарска грешка“

News

Министерот за здравство нареди вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а потоа и стручен надзор, по смртта на новороденче што се случила на 1 октомври. Повод за контролите се документи што излегоа во јавноста, во кои, според објавеното, во интерни изјави се посочува сомнеж за лекарска грешка.

Од Министерството изразија сочувство до семејството и нагласија дека целта на надзорите е целосно утврдување на околностите и расветлување на случајот. Тие посочуваат дека постапката ќе се води професионално, стручно и транспарентно, а јавноста ќе биде информирана по добивањето на сите наоди.

Воедно, Министерството апелира да се почекаат резултатите од инспекцискиот и стручниот надзор, како и обдукцискиот наод, кој, според нив, е клучен за утврдување на причините за смртниот исход, за да не се создава дополнителен немир кај семејството и во јавноста. Потсетуваат и дека клиниката е терцијарна установа со законски пропишани протоколи за вакви ситуации.

Во меѓувреме, Комисијата за здравство на СДСМ побара итна оставка од директорката на Клиниката, поради, како што наведуваат, прикривање случај со смрт на новородено бебе и сомнежи за лекарска грешка.

Според изјавите од СДСМ, родителите биле уверувани дека смртта била неизбежна, но интерни документи укажувале на сериозни пропусти во лекувањето. Тие тврдат дека началничката на интензивна нега писмено пријавила дека несоодветно лекување и 20-минутна реинтубација довеле до компликации и смрт, а директорката, иако била известена, два месеци не го пријавила случајот.

Од партијата бараат целосна и независна истрага и одговорност за сите инволвирани, без разлика на функција или хиерархија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *