Абази го прочитал ама не сака да го коментира ставот на американската амбасадорка Агелер за неговиот избор

news
Advertisement

Новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, не сака да го коментира ставот на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, која го критикува неговиот избор. Во телефонски разговор за Канал 5, како што пренесува телевизијата, Абази рекол дека не сака да навлегува во такви коментари.

Advertisement

Американската амбасадорка Агелер вчера, во одговор на прашање на „360 степени“, изрази отворено незадоволство од исходот на неодамнешните избори за нов шеф на ОЈО ГОКК.

Ние, во Амбасадата на САД секако дека резултатите ги сметаме за збунувачки, особено откако во изминатите години потрошивме милиони долари на обука на обвинители и други во правосудниот систем. Граѓаните на Македонија заслужуваат независен правосуден сектор во кој позициите се пополнуваат по заслуга и квалитет (по мерит), низ транспарентни процеси, без разлика дали се во обвинителство, судство или која било друга јавна институција. Политичкото мешање нема место во овие постапки. Оние што би се вмешале преку вршење притисок, закани или коруптивни зделки од позадина треба да бидат повикани на одговорност од граѓаните, порала амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.