Автобусите на ЈСП повлечени од пред владата

news
Advertisement

Утрово продолжи хаосот со сообраќајот по скопските улици. Беше блокирана улицата пред Владата со 15 автобуси на ЈСП откако Град Скопје најави дека се чека целосно подмирување на долгот кон претпријатието.

Advertisement

д Град Скопје вчера изјавија дека Министерството за образовани и наука им должи 120 милиони денари за субвенциите за вршење превоз за студенти и ученици. Во меѓувреме вработените на ЈСП денеска ги добија платите и од денеска функционираат нормално. Сепак попладнево автобусите кои беа најавени дека ќе останат до исплаќање на долгот-беа повлечени.

Пред Владата нема ниту еден автобус на ЈСП. Сообраќајот е расчистен и се одвива непречено. Нема ниту една улица блокирано.

Екипата на ТВ 24 побара одговор од кабинетот на градоначалничката на град Скопје, зошто се повлечени автобусите, рекоа дека ќе не информираат присмено, но се уште нема одговор. Го контактиравме и директорот на ЈСП-но одби да даде изјава. Од Владата пак, велат дека не се дел од проблемот и не постои никаков долг од нивна страна и Министертсвото за образование и наука.

За овој случај партиските препукувања на релациа ВМРО-СДСМ и денеска не престануваат. Јанушев пак, побара јавно извинување од Арсовска за обвинувањата во врска со долговите кои ги има ова претпријатие и со неземањето на плати.

– Јавно ја прашувам Данела Арсовска кои се финансиските резултати од оваа година и дали можат на било кој начин да се спшоредат со најлошата година која јас сум ја имал во ЈСП? Или еве за полесно да биде, нека ги погледне и претходните 20-30години на ЈСП. Во мое време се земаше плата до петти во месецот и немаше ниту еден штрајк. Очекувам јавно извинување за клеветите и навредите кон мене, да не мора да одиме по судови. – рече Јанушев.

Откако вчера вработените на ЈСП излегоа на протест утрото во 4:30 часот и прв пат во историјата на гланиот град автобусите не сообраќаа во главниот град, вчера на вонредна седница Советот на Скопје донесе одлука за пренамена на средства за исплата на плати за вработените, а градоначалничката Данела Арсовска побара да се подмират долговите на институциите кон ЈСП.

Според Сојузот на синдикати на Македонија, пак, виновни што над 1.000 семејства на вработени во ЈСП беа оставени без плата, а скопјани останаа без јавен градски превоз, се градоначалничката на Град Скопје и в.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие. Од ССМ вчера побараа да бидат поднесени кривични пријави против градоначалничката Арсовска и в.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Александар Стојковски поради непочитување на законите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.