Автобусите на ЈСП се вратија на улица, Арсовка со манипулација извлече нови пари за нејзиниот директор

news
Advertisement

Автобусите на ЈСП повторно возат, но, ниту советниците, ниту граѓаните не добија јасни одговори како се трошат парите на скопјани. Вечниот загубар, јавното сообраќајно претпријатие на Град Скопје, од година за година ги чини граѓаните се повеќе.

Advertisement

Откако вчера советниците во градското собрание беа незадоволни од отченоста и контролата врз трошењето на народните пари, за ЈСП јавноста дозна дека и покрај приходите од 25 милиони евра, градот мораше да ги закрпи со уште 11 милиони евра, односно дури десетина проценти од даноците кои ги собира од граѓаните.

Преку соопштение од независната советничка група, „Зелен хуман град“, порачаа оти ЈСП не дава јасни извештаи за својата работа.

„- ЈСП не дава јасни извештаи на Советот каде одат парите што ги добиваат, и често се бараат дополнителни субвенции низ годината. Советот бара, но не добива дополнителни извештаи.
– Работењето на СИТЕ инситуции во Град Скопје и Македонија не е оптимизирано ниту проверено, и често завршуваат како црни дупки за пари со огромен број на партиски вработувања.“ – Стои во соопштението на „Зелен хуман град“.
Но и покрај ова, обидите на мнозинството советници да дојдат до одговори на неколку седници по ред, вклучително и вчерашната, беше неуспешен. Советниците лојални на градоначалничката Арсовска, во коалиција со оние на партиите ГРОМ, СДСМ, Левица и ДОМ, преку извлекување советници од породилно отсуство и боледување, го одбија амандманот на ВМРО-ДПМНЕ, да се исплатат субвениции доволно за плати, а остатокот откако ЈСП ќе достави соодветни извештаи за тоа, како ги троши парите на скопјани.

За тоа, како се трошат парите на ЈСП за Алфа ТВ зборуваше и внатрешна ревизорка во јавното претпријатие, која обвини за криминално работење, по што беше избракана од работа. По тој настан, ЈСП беше без законски пропишаниот број на ревизори кои треба да го контролираат претпријатието.

Трошењето пари во градското претпријатие го одбележа и аферата за набавка на гориво, додека протестираа приватни превозници. Кадар на СДСМ, поставен од Арсовска, од нафтена компанија „Пуцко Петрол“ чии сопственици се поврзани со ДУИ, на тендер набави гориво во вредност од 27 милиони евра, без рабат, односно попуст од 6 денари, што било случај во претходните јавни набавки. Јавноста ги обвинуваше дека со таа постапка, доплатиле дополнителни 1,4 милиони евра, што во тој момент беа доволни за да се надминат долговите кон приватните превозници

ИЗВОР. https://alfa.mk/avtobusite-na-jsp-se-vratija-na-ulicza-arsovka-so-manipulaczija-izvleche-novi-pari-za-nejziniot-direktor/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=avtobusite-na-jsp-se-vratija-na-ulicza-arsovka-so-manipulaczija-izvleche-novi-pari-za-nejziniot-direktor

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.