ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да учествува во техничката влада, министрите и замениците ќе бидат познати по Водици

news
Advertisement

ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница на Извршниот комитет донесе одлука да учествува во техничката влада, но да се воздржи од гласање за неа, информираше вечерва Тимчо Муцунски, член на телото на опозициската партија.

Advertisement

Се очекува, кажа тој, на Централниот комитет на партијата да го овласти претседателот на партијата Христијан Мицкоски да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада, а нивните имиња ќе бидат соопштени после Водици.

Партијата, меѓу другото, вечерва ги избрала 472 делегати за конвенцијата за избор на кандидатите за претседател на државата.

Како што истакна Муцунски, оваа 2024 година за македонските граѓани ќе биде „година на промени“, во којашто, како што рече, ќе се ослободат од криминалната власт предводена од СДСМ и ДУИ.

Членот на Изршниот комитет рече дека на вечерашната седница ова партиско тело донело пет клучни одлуки за изборниот процес, кои таксативно ги наброи пред новинарите.
1. ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да учествува во техничката влада, што би значело именување на лица кои согласно законот за техничка влада треба да бидат на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел очекуваме и ЦК да донесе одлука со која што ќе се овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да ги одбере лицата кои ќе бидат дел од техничката влада. Причината поради која ИК донесе ваква одлука е затоа што во Македонија никогаш не било полошо. Македонија се наоѓа во тешка ситуација. Од криминал, преку корупција до партизација, нема нерегуларност која не е направена од страна на власта. Кронизмот во нашето општество е потврден и од нашите меѓународни партнери. СДС и ДУИ кои се промовираат како европски фронт, се на сериозен пат да ја уништат европската перспектива на Македонија. Ковачевски и Ахмети контролираат и вршат влијание и врз судството и врз обвинителството. Институциите се користат како алатки за тендери, а МВР е партнер на криминалот. Со ваква власт Македонија е се подалеку од ЕУ, со институции контролирани од оваа власт нема независност, непристрасност и професионалност.
2. Дополнително, поради сите овие горенаведени причини ИК на ВМРО-ДПМНЕ зазема став да се воздржи од гласањето на техничката влада, која под водство на Талат Џафери од ДУИ, нема никаков легитимитет, истата е само коалициски договор помеѓу СДС и ДУИ.
3. ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги изгласа Делегатите за Конвенцијата за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија. Согласно критериумите преку кои се бираат и застапеноста на структурата на партијата, Делегати на Конвенцијата ќе бидат вкупно 475 лица. Исто така, се комплетирани и составите на нашите Општински изборни штабови.
4. ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе Одлука за формирање на Комисија за преговори со актуелните коалициски партнери, но и сите останати политички партии кои ќе пристапуваат и ќе бидат дел од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
5. Со оглед на акутната криза која се однесува на издавањето на пасошите, каде се гледа и актуелната неспособност на власта, ИК донесе одлука за поднесување на иницијатива до Уставниот суд која е поврзана со законите поврзани со промената на личните документи. Оваа состојба е голем срам за државата, за Спасовски и Ковачевски кои директно се виновни за фактот што под примитивни услови и на ваков недостоинствен начин се обезбедуваат личните документи.
Со овие одлуки ВМРО-ДПМНЕ е комплетно подготвена за изборниот процес кој следува. Идејата за промени ќе биде водилката која што ќе не движи напред, граѓаните потврдуваат дека никогаш не било полошо. Затоа е потребно да се победи власта на СДС и ДУИ, и на Македонија да и се обезбеди просперитетна иднина!

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.