Автобусите пред Влада останаа паркирани, околните раскрсниците се блокирани, возачите и пешаците нервозни пробуваат навреме да стигнат на работа

news
Advertisement

Инаку, автобусите на ЈСП утринава се вратија на скопските улици по вчерашната одлука на Советот на Град Скопје да се пренаменат пари со цел исплата на платите на вработените во ова скопско јавно ппретпријатие
Раководството на ЈСП „Скопје“ и Град Скопје и денеска оставија неколку автобуси пред зградата на Владата, инсистирајќи инситуциите кои му должат пари на претпријатието, Министерството за образование и општините, да го подмират долгот. Паркираните автобуси утринава го парализираа овој дел од градот. Нервозни возачи и пешаци пробуваат да се пробијат низ гужвите за да стигнат навреме на своите работни места.

Advertisement

Инаку, автобусите на ЈСП утринава се вратија на скопските улици по вчерашната одлука на Советот на Град Скопје да се пренаменат пари со цел исплата на платите на вработените во ова скопско јавно ппретпријатие.

Како што информираше претседателот на Синдикатот за сообраќај и врски при ЈСП Скопје, Миќо Стојановски обезбедени се средства за платите до крајот на годинава.

„На трансакциските сметки на вработените ќе биде исплатена септемвриската плата и ме радува тоа што се обезбедени средства од буџетот на Град Скопје за наредните три плати што значи дека ќе нема потреба повеќе да чекаме 15-ти за да тие средства бидат доделени на вработените, а уште повеќе ме радува тоа што во ребалансот за буџетот за 2023 година јавниот градски превоз и ЈСП ќе бидат побогати за 360 милиони денари затоа што тоа се пари кои во минатиот период, да не речам беа скриени, туку беа фантомски“,

информираше Стојановски.
Градоначалничката Данела Арсовска изјави дека парите што се пренаменети за плати се замена за парите што на јавното претпријатие му ги должат Владата односно Министерството за образование и општините и ги повика во најкус можен рок да ги исплатат.

Oбезбедена плата за вработените во ЈСП: Скопјани можат да здивнат, автобусите се вратија на улиците

Од Град Скопје тврдат дека Министерството за образование и наука им должи 120 милиони денари за субвенциите за вршење линиски превоз за студенти и ученици во средно образование.

Автобусите се вратија на линиите, тие пред Владата се за притисокот што го прави Град Скопје, вели синдикалецот Стојановски

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.