Агелер: Нашата „инвестиција“ во напредокот на судството за жал не даде очекуван „поврат“

news
Advertisement

Нашата „инвестиција“ во напредокот на судството за жал не даде очекуван „поврат“, вели амбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела Агелер во интервју за весникот Капитал.

Advertisement

-Кога станува збор за напредокот во судството, ние сме разочарани. Во последните триесет години, сме инвестирале половина милијарда долари во програми за владеење на правото и добро владеење, но не гледаме подобрувања и реформи што би можеле да ги очекуваме со толку голема инвестиција. Сепак, на крајот на краиштата, системската корупција во целата земја во сите сектори подиректно им наштетува на луѓето во Северна Македонија отколку нам. Сите вие заслужувате општество, судство, влада чии постапки се транспарентни и ви служат вам – на граѓаните. Тоа е камен – темелник на фер и функционална демократија. На тоа треба да се фокусира владата, без разлика на тоа која партија е на власт. Судството мора да биде независна, целосно финансирана и неполитичка гранка на власта. Политичките лидери треба да го сакаат тоа, а вие граѓаните треба да го барате, вели Агелер во интервјуто.

Во однос на тврдењата на опозицијата за корупција околу Коридорите 8 и 10 д, американската амбасадорка нагласува и повторува: „ако има наводи за корупција околу Коридорите 8 и 10д, истражете ги! Ако утврдите криминал, гонете го!“.

-Доколку истрагата утврди корупција, нека ја гони. Мора да има одговорност за секого, секаде. Во исто време, преголемата политизација на нештата понекогаш може да биде подеднакво штетна како и самата корупција со тоа што ќе спречи добри проекти да се движат напред и ќе испрати порака до другите потенцијални инвеститори дека водењето бизнис во Северна Македонија е премногу комплицирано и бирократско, рече Агелер.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.