Поради момент на невнимание згаснаа ТРИ ЖИВОТИ на одмор: Девојка (30) со мобилен во рака и возејќи над 160 км/ч покоси цело семејство

news
Advertisement

Италијанската полиција ги истражува околностите кои довеле до страшната несреќа, во која загинаа малиот Матија (2), татко му и баба му, додека семејството беше на одмор во градот Санто Стефано ди Кадоре. Се истражува хипотезата дека жената (30), која била зад воланот на црно „ауди“ со германски регистарски таблички, користела мобилен телефон кога возилото го покосило целото семејство.

Advertisement

Не е исклучено страшната сообраќајна несреќа во четвртокот на 6 јули околу 15 часот и 30 минути да се случила поради момент на невнимание предизвикано од мобилен телефон, порака или кобен разговор. Жената, триесетгодишна Германка, во шок, била уапсена во текот на ноќта под обвинение за повеќекратно убиство.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.