ВМРО-ДПМНЕ бара брзи избори на есен

news
Advertisement

Брзи парламентарни избори на есен, СДСМ нема друга опција, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

„СДСМ ја донесе Македонија во ќорсокак, сите нивни политики се темелеа на уставни измени, кои ги најавуваат една година, и никако да се охрабрат да ги стават во Собрание. Бегаат затоа што знаат дека не само што немаат 80 пратеника, туку и пратеници од нивните редови нема да ги поддржат. Власта го развлекува процесот за да може да купува време, за и во сопствените редови да не и се јави повторно бунт за избори. Не само што не отворија европска перспектива, туку со своите политики на подаништво ја блокираа Македонија. СДСМ нема апсолутно никаков легитимитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.