Ковачевски: Сега постои момент за проширување на ЕУ поради војната во Украина

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски во вчерашното интервју за ТВ 21 во врска со процесот што се води во Собранието за уставните измени, посочи дека не постои никаква забелешка од академската заедница, од граѓаните и граѓанските организации во однос на содржината на уставните измени.

Advertisement

„Тие не задираат во ниту едно идентитетско прашање на македонскиот народ. Напротив, со вклучувањето и на други делови од народи, се прави јасна дистинкција меѓу македонскиот народ со сите негови обележја, јазик, култура, идентитет и другите народи вклучително и бугарскиот јазик. За прв пат ние ќе имаме во еден документ, официјален каде што ќе стои македонски народ и бугарски народ. Тоа е спротивно на поранешните тези кои беа пласирани од страна на голем број на политичари од соседството“, рече Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.